сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаМакедонија падна 17 места според индексот за перцепција на корупција

Македонија падна 17 места според индексот за перцепција на корупција

Македонија падна 17 места според индексот за перцепција на корупцијата на организацијата „Транспаренси интернешнл“, најпознато глобално рангирање од ваков вид, кое е објавено денеска. Македонија со индекс 35 сега е рангирана на 107. место меѓу 180 земји и територии.

Македонија е последна од поранешните југословенски републики, додека Словенија е најдобро пласирана со индекс 62, пред Хрватска со индекс 49, Црна Гора – 46, Србија со индекс 41, и Босна и Херцеговина со 38 поени.

На врвот на листата е Нов Зеланд со резултат од 89, а на дното Сомалија со девет поени.

„Трансперенси интернешнал” оценува дека повеќето земји во светот не постигнале никаков напредок во искоренувањето на корупцијата или дека напредокот е мал. Повеќе од две третини од земјите оваа година имаат индекс помал од 50, додека светскиот просек е 43, но тој лош резултат не е новост.

Неколку земји имаат значително подобри резултати од 2012 година – Велика Британија, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал, додека пад е забележан во Австралија, Сирија и Јемен. Подеталната анализа покажува дека новинарите и активистите во корумпираните земји секој ден ги ризикуваат своите животи со укажување на случаите на корупција, наведува „Транспаренси интернешнл“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ