четврток, април 25, 2024
домаНасловнаМакедонија со најниска просечна плата во регионот, Словенија со највисока

Македонија со најниска просечна плата во регионот, Словенија со највисока

Просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија изнесува 23 196 денари (377 евра), според Државниот завод за статистика.

Во регионот, со најниска после Македонија е Босна и Херцеговина каде просечната нето месечна заработувачка во декември 2017 година изнесуваше 862 КМ (440 евра).

Словените имаат највисока плата, а Заводот за статистика на Словенија покажа дека до крајот на 2017 година просечната нето месечна заработка се зголеми на 1.062 евра. Следи Хрватска каде што просечната плата е околу 835 евра.

Црногорците имаат трета највисока плата во регионот, а според најновите податоци од Заводот за статистика таа изнесува 512 евра. Во Србија, просечната нето плата изнесува 459 евра.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ