сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаМакедонските граѓани во БиХ ќе патуваат само со лична карта

Македонските граѓани во БиХ ќе патуваат само со лична карта

Македонски граѓани ќе може да патуваат во Босна и Херцеговина само со лична карта, најавија премиерот Зоран Заев и претседавачот на Советот на министрите на БиХ, Денис Звиздиќ, на заедничката прес-конференција денес во Владата на РМ.

Ова значи дека и на граѓаните на БиХ за влез во Македонија нема да има биде потребен пасош, туку само лична карта. Македонските граѓани само со лична карта може да патуваат уште во Србија, Црна Гора, Косово и во Албанија, со кои Македонија веќе има потпишано билатерални договори.

Делегација на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина, предводена од претседавачот на Советот, Денис Звиздиќ, денеска престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија. Покрај олеснување на движењето на граѓаните, со денеска потпишаниот Договор се олеснети и условите за учениците од основното и средното образование, како и за студентите, кои ќе учат под еднакви услови како домашните. Школарината ќе биде еднаква како и за домашните студенти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ