домаКУЛТУРАMузика, Опера, БалетНа „Охридско лето“ концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност

На „Охридско лето“ концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност

Во рамките на фестивалската програма на „Охридско лето“ вечерва со „Алумни“ концерт ќе се одбележат 60 години Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје.

Во катедралната црква „Света Софија“ ќе настапат Kатерина Костадиновска – Гелебешева, Глигор Гелебешев, Кристина Светиева, Милена Арсовска, Весна Гиновска Илкова, Златко Мадевски, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Надица Ристиќ – Симовиќ, Дарко Багески и Јанинка Навчева.

На програмата се дела од Морлачи, Пуланк, Лист, Лалие, Белини, Верди, Фон Супе, Хачатурјан и Пијацола.

Почетокот на концертот е во 21 часот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ