четврток, мај 30, 2024
домаНасловнаНајмалку 41 лице загина во пожар во Јужна Кореја

Најмалку 41 лице загина во пожар во Јужна Кореја

Најмалку 41 лице загина во пожар во болница во Јужна Кореја. Повеќе од 70 се повредени. Се верува дека пожарот пламнал во одделот за итни случаи и придружниот старечки дом во болницата Сејонг во градот Мирјанг, јавува „Би-би-си“.
Околу 200 пациенти биле во зградата. Ова е најсмртоносниот пожар во Јужна Кореја во текот на последните десет години. Се очекува бројот на жртви да продолжи да расте. Повеќе повредени се во критична состојба.
Пожарникарите во изјавата за медиумите откриле дека жртвите починале од вдишување на чад. Началникот на противпожарната служба Чои Ман-ву изјавил за новинарите дека причината за пожарот е сеуште непозната.
“Жртви пристигнаа од болницата и од старечкиот дом. Некои од нив починале на пат до друга болница”, изјави тој за АФП. Тој вели дека пожарот започнал во 7:30 по локално време и бил изгасен за три часа.
На сигурно се евакуирани 94 жители на домот за стари лица. Јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин организирал итен состанок. Владини претставници и опозицијата отпатуваа во Мирјанг да изразат сочувство и повикаа на истрага за причините за трагедијата.
Премиерот на Јужна Кореја Ли Нак-јеон нареди да се користи сета можна опрема и кадар за гаснење на пожарот и брзо да се пребара болницата со цел да се спасат што повеќе животи, објави неговата канцеларија.
Мирјанг се наоѓа на околу 270 километри од главниот град Сеул. Болницата работи од 2008 година, а старечкиот дом со болницата има околу 200 кревети. Околу 35 лица се вработени во болницата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ