Издавачката куќа Прозарт медиа ја објави книгата „Авантурите на Космонаутко“, првото прозно дело од авторот Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко.
Јанкуловски ги објавува неговите приказни од ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж.
За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и граѓански активист тој е добитник на наградата „Европеец на годината“ за 2020 година, доделена од делегацијата на Европска Унија во Македонија. Добитник на наградата „Филантроп на годината“ за 2021 г., доделена од Horus Macedonia. Прогласен за амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022 г. Добитник е на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права, во 2022 г.
Авторот ќе потпишува примероци од неговата книга на штандот на Прозарт медиа во сабота од 13 часот, на Саемот на книгата.
Објавувањето на „Авантурите на Космонаутко“ е поддржано од Министерството за култура.
најави се
Добредојдовте! влезете во вашиот профил
Forgot your password? Get help
обновување на лозинка
враќање на лозинка
А лозинка ќе ви биде испратено до вас.