вторник, јуни 18, 2024
домаЖивотЗдравјеОд што е направена експерименталната вакцина од Оксфорд и како делува?

Од што е направена експерименталната вакцина од Оксфорд и како делува?

Веста за експериментална вакцина против коронавирус, развиена од Универзитетот во Оксфорд како безбедна и ефикасна, која го активира имунолошкиот систем, го привлече вниманието на јавноста ширум светот.

Вакцината наречена ChAdOx1 nCoV-19 се разви неверојатно брзо. Таа е направена со генетски инженеринг на вирусот што инаку предизвикува настинки кај шимпанзата.

Вирусот е модифициран така што не може да предизвика инфекции кај луѓето и колку што е можно повеќе да „изгледа како коронавирус“, така што имунолошкиот систем може да научи како да го нападне, пишува „Би-Би-Си“.

Како делува вакцината?

Научниците, како што велат, досега се занимавале само со антителата, но тие се само еден дел од нашата имунолошка одбрана. Антителата се мали протеини произведени од имунолошкиот систем кои се лепат на површината на вирусот и кои можат да го онеспособат.

“Т-клетките, еден вид бели крвни клетки, помагаат во координирање на имунитетниот систем и благодарение на нив, открива кои клетки се заразени и ги уништува. Речиси сите ефективни вакцини вклучуваат антитела и Т-клетки. Бројот на Т-клетки го достигна својот максимум 14 дена по вакцинирање, а нивото на антитела достигна максимум по 28 дена“, се наведува.

Студијата не траела доволно долго за да се утврди колку трае имунитетот, но покажа дека вакцината е безбедна.

“Ние сме навистина задоволни од резултатите што ги објавивме. Тие се крајно ветувачки и веруваме дека вакцината може да биде доволно добра за да заштити од коронавирус”, рече професорот Ендру Полард од истражувачката група од Оксфорд.

Студијата покажа дека 90% од луѓето развиле неутрализирачки антитела по единечна доза на вакцината. Само 10 лица добиле две дози.

Дали е вакцината безбедна?

Вакцината против коронавирус е безбедна, но има одредени несакани ефекти кои не се опасни. По вакцинацијата, околу 70% од испитаниците имаат температура или главоболка. Истражувачите велат дека тоа може да се реши со употреба на парацетамол.

„Останува уште многу работа пред да можеме да потврдиме дали нашата вакцина ќе помогне во спречување на пандемијата на коронавирус, но овие први тестови се ветувачки“, рече професорката Сара Гилберт од Универзитетот во Оксфорд во Велика Британија.

Главната цел на натамошното испитување е да се обезбеди безбедност на вакцината за луѓето. Студијата не може да покаже дали вакцината може да спречи луѓето да се разболат или да им ги ублажи симптомите на КОВИД-19.

Повеќе од 10,000 луѓе ќе учествуваат во следната фаза на истражувањето во Велика Британија, 30,000 луѓе во САД, како и 2.000 во Јужна Африка и 5.000 во Бразил.

Вакцината против коронавирус може да биде достапна до крајот на годината, но нема да биде широко достапна. Здравствените работници ќе имаат приоритет, како и лицата со висок ризик од КОВИД-19. После тоа, на почетокот на 2021 година, ќе започне и пораспространета вакцинација. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ