недела, јуни 16, 2024
домаОдбележана 120 годишнината од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев

Одбележана 120 годишнината од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и членови на владината делегација, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу се поклонија и положија цвеќе пред саркофагот на големиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Со тоа ја одбележаа 120 годишнината од загинувањето на овој голем идеолог – синоним за народна борба за слобода, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.
Почит на великанот дадоа и и делегатите на Собранието, на Министерството за одбрана, на Армијата, на Сојузот на борците, на Македонската академија на науките и уметностите, на Град Скопје, на политичките партии, на дипломатскиот кор, како и други почитувачи на делото на Гоце.
Со пригодна богослужба за помен на мртвите чиночествуваше архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Г.Г. Стефан.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ