четврток, мај 30, 2024
домаНасловнаОН: Бројот на бегалци и раселени лица во светот во 2017. достигна...

ОН: Бројот на бегалци и раселени лица во светот во 2017. достигна 68,5 милиони

Бројот на бегалци и внатрешно раселени лица во светот достигна 68,5 милиони во 2017 година, а речиси половина од нив се деца, се вели во извештајот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).

Кризата во Демократска Република Конго, војната во Јужен Судан и бегството на стотици илјади бегалци Рохинџи од Мјанмар во Бангладеш придонеле во 2017 година да биде забележан нов рекорд по бројот на бегалци и раселени лица во светот.

Според УНХЦР, секое 110-то лице денес е раселено во светот.

„Во моментов сме соочени со присилно раселување на луѓе од целиот свет, треба да најдеме нов глобален пристап за различни земји и заедници да не мораат сами да се справуваат со оваа ситуација“, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Бројот на регистрирани бегалци минатата година достигна 25,4 милиони. Бројот на бегалци се зголеми за 2,9 милиони во однос на 2016 година, што е најголем пораст што некогаш бил забележан од УНХЦР за само една година.

Бројот на внатрешно раселените лица малку се намали, кои во 2017 година беа 40 милиони. Во 2017 година, исто така, се регистрирани 3,1 милиони лица баратели на азил ширум светот.

Сирија, Колумбија, Демократска Република Конго и Авганистан во 2016 година се земји со најголем број на внатрешно раселени лица. Повеќе од една петтина од вкупниот број на бегалци се Палестинци, а останатите се по потекло од Сирија, Авганистан, Јужен Судан, Мјанмар и Сомалија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ