домаПОЛИТИКАМакедонијаОтстранети 10 тони опасен хемиски отпад од ИЈЗ што непрописно бил чуван

Отстранети 10 тони опасен хемиски отпад од ИЈЗ што непрописно бил чуван

Спроведена е акција на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за отстранување на 10 тони опасен хемиски отпад кој непрописно се чувал и складирал повеќе од 10 години, а можел да предизвика сериозен ризик по здравјето на луѓето и животната средина.

Како што информираше денеска директорката на Институтот, Марија Андоновска,  опасниот хемиски отпад што можел да предизвика хаварија е моментно безбедно отстранет и нема да остане во државата, туку ќе биде согорен надвор.

Се работи за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен вид и во различна агрегатна состојба, кои претставуваат ризик по здравјето на луѓето, но и .

Според Андоновска, отпадот бил и дополнително ризичен како многу лесно испарлив и запалив, а претставувал голема потенцијална опасност бидејќи се наоѓал во ценатрот на Клинички центар, помеѓу клиники, училишта и тн.

-Немавме ниту упатство за управување со отпадот, но веднаш ги информиравме надлежните институции, министерства и владата. Во текот на процесот е воспоставена и процедура и пракса за чување и отстранување ваков вид на отпад кој ќе биде во иднина создаван. За среќа избегнавме хаварија и го отстранивме, а направена е дезинфекција на просториите и со извештај од инспекторатот е потврдено дека е безбедно спроведена активноста. За среќа избегнавме хаварија и отпадот ќе биде безбедно отстранет и согорен надвор од државата, истакна Андоновска во обраќањето. Т.Р.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ