вторник, мај 21, 2024
домаЖивотСоцијална политикаОтворен “Систем за донирање на вишок храна“

Отворен “Систем за донирање на вишок храна“

Денес во Скопје, во хотел Порта, се одржа конференција „Ретвитни оброк“ и најава за “Отворањето систем за донирање на вишок храна“, што ја организира граѓанската организација „Ајде Македонија!“

„Ретвитни оброк“ од твитер акција, прерасна во „институција“. Еден од пет граѓани на Македонија се гладни, но и покрај тоа, во земјава годишно се фрлаат над 5 илјади тони храна. Затоа, четринаесет невладини организаци од Скопје веќе неколку месеци секојдневно ја прибираат храната од разни донатори како ресторани, пекарници и разни други угостителски и производствени капацитети и ја доставуваат до околу илјада граѓани.

Во таа насока, aмбасадорot и хуманист Џес Бејли, објасни дека проблемot со гладни луѓе го има секаде, и во Америка, тоа е проблем не само на неразвиените земји, туку и на развиените земји.

Амбасадорот Бејли
со новинарката на ТЕХТ. МК,
Велнтина Георгиевска Парго

-И во САД има сиромаштија и потреба од храна, а секој осми Американци нема храна и оброк секој ден, посочи Бејли. Околу половина милион граѓани во Македонија јадат еднаш на ден, беше кажано на конференцијата. На овој проблем, но и на подигнување на повисоко ниво на акцијата, говореа и Швајцарската амбасадорка во Македонија, Нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, Директорот на Националниот демократски институт, Крис Хеншоу, организаторот Блаже Јосифовски и други

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ