вторник, јуни 18, 2024
домаНасловнаПадната француската влада, Едуард Филип има намера да биде противкандидат на Макрон?

Падната француската влада, Едуард Филип има намера да биде противкандидат на Макрон?

Францускиот премиер Едуард Филип поднесе оставка, објави Елисејската палата, пренесува „Скај њуз“. Оставката на Филип се очекува да го отвори патот за формирање на нова француска влада.

Едуар Филип (49) е премиер на Франција од 15.05.2017 година. Тој е адвокат по професија, долгогодишен член на Унијата на народното движење, кој подоцна стана Републиканска партија.

Анонимни, информирани кругови во палатата Матињон тврдат дека Филип има амбиции да се кандидира на следните претседателски избори.

Набргу по оставката на францускиот премиер Едуард Филип, од Елисејската палата, резиденцијата на францускиот претседател, беше објавено дека денес ќе биде назначен нов премиер на Франција, објави АП.

Очигледно, францускиот претседател Емануел Макрон се обидува да отвори ново поглавје во француската политика во последните две години од неговиот мандат, фокусирајќи се на прашањата за рестартирање на француската економија, која беше сериозно погодена и регресирана за време на епидемијата на вирусот корона, и треба нова влада.

Иако ја пофали тригодишната работа на претходниот премиер Филип, Макрон недвосмислено ги објави измените потребни за надминување на трнливиот пат на кој се најде француската економија.

Макрон претходно најави реконструкција на владата, која се планира да обезбеди поголема поддршка на политиката за животна средина и се обиде да ја врати довербата на разочараните гласачи, пренесува Ројтерс.

„Скај њуз“ пишува дека по неговата оставка, Филип би можел да стане ривал на Макрон на претседателските избори за две години, бидејќи популарноста на премиерот расте во последните неколку недели.

Едуар Филип (49) е премиер на Франција од 15.05.2017 година. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ