Драмски театар соопшти дека комеморацијата во чест на актерот Димче Мешковски кој почина синоќа во Лос Анџелес, САД, ќе се одржи во салонот на неговиот матичен театар во Скопје на 28 март во 12 часот. Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист почина на 77-годишна возраст, а вработен во Драмски театар Скопје беше од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година.
Димче Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје. Тој е добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.
Мешковски има над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби во повеќе театарски жанрови, а меѓу остварените улоги се и оние во театарски претстави како „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“,„Сомнително лице“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“. Во телевизиски серии глумеше во „Македонски народни приказни“, радио-драми и хумористичните серии како „Хихирику“, а една од најпознатите филмски улоги му онаа на Тасе е во „Викенд на мртовци“.