понеделник, мај 20, 2024
домаНасловнаПочина Стивен Хокинг, еден од најголемите умови на денешницата

Почина Стивен Хокинг, еден од најголемите умови на денешницата

Најпознатиот физичар на светот, Стивен Хокинг почина на 77-годишна возраст во својот дом во Кембриџ, Велика Британија. Како што соопшти неговото семејство, Хокинг починал мирно, рано наутро, опкружен со најблиските.

„Длабоко сме натажени. Тој беше голем научник и извонреден човек, чие наследство ќе живее со години“, соопштија неговите деца Луси, Роберт и Тим.

Британскиот научник стекна меѓународна слава за неговата работа на теоријата на црните дупки и откритието дека тие емитуваат т.н.. „Хокингова радијација“. Хокинг беше првиот светски научник кој ја комбинираше општата теорија на релативноста и квантната механика во неговата работа. Тој остави зад себе низа дела, од кои најпозната книга е „Кратка историја на времето“.

Хокинг во својата кариера разоткри некои од најсложените тајни на универзумот, и покрај фактот дека на 22 години му беше откриена амиотрофична латерална склероза (АЛС) поради која поголемиот дел од својот живот беше во инвалидска количка, целосно неподвижен, принуден да комуницира со помош на компјутер и гласовењн синтисајзер.

Иако лекарите му предвидуваа само неколку години живот, професорот Хокинг е уште повеќе од половина век ја фасцинираше научната и „обичната“ јавност со неговата способност комплицираните работи да ги „преведе“ на јазикот на обичните луѓе, да ги заинтересира за науката, но, исто така, на неговите колеги научници да им открива потполно нови хоризонти.

Хокинг со време стана икона на популарната култура, па се појави во „Ѕвездени патеки“, „Симпсонови“, „Футурама“, „Бубалици“, но, и во претставите „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“, и на еден од албумите на легендарната група „Пинк Флојд“ .

„Еднаш тој рече „Нема ова да беше некоја вселена, ако не е дом на луѓето што ги сакаш“. Ќе ни недостига засекогаш“, соопшти неговото семејство.

Хокинг е роден во Оксфорд во 1942 година, дипломирал на природните науки на познатиот Универзитетот во Оксфорд во 1959 година и докторирал на Кембриџ.

Книгата „Кратка историја на времето“, која беше продадена во повеќе од 10 милиони примероци, беше објавена во 1988 година. Неговиот живот е опишан во филмот „Теорија на се“ во 2014 година, а Еди Редмејн освои Оскар за главна улога.

Голем, недосонуван сон на Хокинг беше да патува во вселената. Минатата година, беше најавен план дека ќе оди со еден од првите летови на компанијата на Ричард Бренсон, „Вирџин Галактик“.

„На својата планета ние и дадовме лош подарок со климатските промени … Секогаш кога во текот на историјата бевме соочувани со слични проблеми, имавме што да колонизираме … Но, не постои повеќе „нов свет“, нема некоја утопија зад аголот. Ни снемува простор и единственото нешто што ми преостана е да одиме на други светови“, велеше Хокинг, кој се залагаше за побрз развој во областа на вселенските патувања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ