вторник, мај 21, 2024
домаПотребен е Договорот за забрана на нуклераното оружје за стигматизација на...

Потребен е Договорот за забрана на нуклераното оружје за стигматизација на опонентите

Денеска во Осло беше доделена на Нобеловата награда за мир на меѓународната Кампања за забрана на нуклeaрното оружје – ICAN,  која претставува коалиција на 468 невладини организации од 101 држава во светот. Швеѓанката Беатрис Фин, претседателката на Кампањата за забрана на нуклеарното оружје во нејзиниот говор пред аудиториумот во палатата на мирот во Осло, побара поддршка на Договорот за забрана на нуклеарното оружје, кој за да стапи во сила треба да биде ратификуван од 50 земји. Договорот досега е потпишан од 56 земји, а ратификуван само од три држави – Гвинеја, Тајланд и Светата столица. Договорот за забрана на нуклеарното оружје беше донесен во Њујорк, во јули оваа година кога 120 држави ја подржаа идејата, но го потпишаа само 56. Македонија се уште го нема потпишано.

– Договорот претставува избор меѓу два краја: крај на нуклеарното оружје или крај за нас. САД – изберете ја слободата наместо стравот, Русија – избери го разоружувањето наместо разурнувањето, Велика Британија – избери го владеењето на правото наместо угнетувањето, порача Фин и посочи дека е неразумно да му се дозволи на нуклеарното оружје да управува со светот.

– Многумина од оние кои го критикуваат нашето движење велат дека ние сме ирационални, дека сме група идеалисти изолирани од светот и дека нуклеарните држави нема никогаш да се откажат од своето оружје. Но, ние порачуваме дека сепак сме единствениот рационален избор, истакна Фин.

Таа уште рече :„Нобеловата награда е одлична можност за ICAN. Се разбира, прекрасно е да се признае неверојатната работа што ја направивме, но работата не е завршена. Ние ќе ја користиме платформата за да извршиме притисок
за сите држави да се приклучат кон Договорот за забрана на нуклеарно оружје, а  паричната награда ќе ја искористиме за да ги поттикнеме сите да ја направиме реалност„ и додаде – „кризата во Северна Кореја разбуди многу луѓе со фактот дека живееме под закана од можно исчезнување во секој момент. Одвраќањето не успеа, државите како Северна Кореја го гледаат нуклеарното оружјето како знак на моќ, а не како знак на срам. Ако не се согласувате со Ким Јонг Ун или Доналд
Трамп , тогаш не се согласувате за поседување нуклеарно оружје. Единствениот начин да бидеме безбедни од нуклеарно оружје е да ги отстраниме. Ова оружје е
остаток од минатиот век. Нема место за него во овој век. Одвраќање е мит,
21 век ни покажа дека нуклеарното оружје не ги одвраќа другите од тоа да го имаат, туку прави да го сакаат. Ни треба овој Договор за да ги стигматизираме!.“

Таа на церемонијата беше придружувана од 86-годишната Сацуко Турлоу, Јапонка, која го има преживеано нападот со атомска бомба на Хирошима во 1945 година и целиот свој живот го посветила на борбата за забрана на нуклеарното оружје. Таа денеска живее во Канада, но е неуморлив борец за забрана на нуклеарното оружје.

Претседателката на Норвешкиот нобелов комитет, Берит Рајс-Андерсон од своја страна изјави дека главниот аргумент на Меѓународната кампања е дека се додека постои нукеларно оружје, светот нема да биде безбеден.

Доделувањето на Нобеловата награда за мир беше одбележано и во Скопје, од страна на НВО – Новинари за човекови права, која е една од 468-те организации, членки на коалицијата на ICAN. Наташа Доковска од НЧП, која беше и координатор на активностите во Македонија посочи декасега е вистинко време да му се даде шанса на мирот и ги повика сите држави и Македонија да го потпишат Договорот и со тоа тој да стане реалност. cvetin

На настанот во Скопје се следеше во живо доделувањето на Нобеловата награда, а еден од кандидатите за истата, Живко Поповски – Цветин црташе цвеќиња на мирот и на секој гостин му подари по една слика.

                                                                   Во Осло на церемонијата не присустувва амбасадорите на земјите кои поседуваат нуклеарно оружје – Велика Британија, Индија, Кина, Пакистан, Русија, САД и Франција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ