вторник, декември 10, 2024
домаПовеќе загинати во пукање во основно училиште во Белград, уапсен осомничен ученик

Повеќе загинати во пукање во основно училиште во Белград, уапсен осомничен ученик

Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во централната белградска општина Врачар во средата наутро околу 8 часот и 30 минути дошло до пукање, потврди полицијата. Во престрелката одредени српски медиуми има шест загинати, три ранети деца кои се префрлени во белградските болници, а животот на едно дете е во опасност. МВР соопшти дека е уапсен осомничениот напаѓач, малолетник, ученик во седмо одделение. Се сомнева дека од пиштолот на татко му испукал неколку истрели во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште.

Според неофицијални информации на РТС, наставничката по историја и три деца се пренесени во Ургентниот центар, сите со прострелни рани во пределот на градниот кош. Ранетата наставничка и едното дете треба веднаш да бидат оперирани, додека две деца се на одделението за интензивна нега, јавува РТС.

Според тврдењата на присутните ученици момчето К.К. кој пукал никогаш немал проблем со никого. Учениците велат дека бил тивок и повлечен и дека на пет минути пред крајот на часот влегол и почнал да пука.

Доктор Марко Егчеговац од Ургентниот центар за РТС изјави дека двајцата повредени се надвор од животна опасност. РТС додава дека тројца ученици биле примени во детската болница во Тиршов. Едно дете има повреди на главата, животот му е во опасност и веднаш е префрлен во операциона сала. Две деца се со прострелни рани и се префрлени на интензивна нега.

Приодите до училиштето се блокирани, јави репортер на Би-Би-Си од местото на настанот. Околу училиштето се собраа голем број панични родители и граѓани. Репортерот на Би-Би-Си јавува дека околу еден час по пукањето, полицијата им дозволила на децата да си заминат.

„Не знам ништо, ќерка ми не ми се јавува на телефон, а во нејзиното одделение VII/2 имало пукање. Мојот син е добро“, рекол еден од родителите на новинарот на Би-Би-Си пред училиштето.

Некои родители се бесни што никој од полицијата се уште не контактирал со нив и не им кажал кој е ранет и со кој степен на повреда.

Неколку ученици од блиската гимназија за Би-Би-Си изјавиле дека полицијата не ги пуштила да го напуштат училиштето додека не го уапсиле напаѓачот во основното училиште.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ