сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаПовредени 7 полицајци, приведени 25 граѓани по протестите пред Собранието

Повредени 7 полицајци, приведени 25 граѓани по протестите пред Собранието

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите насилно ја турнале заштитната ограда и употребиле пиротехнички средства, воедно  обидувајќи се насилно да влезат во Собранието.

Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата спровела соодветни мерки и активности, а употребила и солзавец.

Повредени се седум полициски службеници, а досега се приведени 25 лица. Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила врз полицијата и насилен упад во институциите, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ