понеделник, ноември 4, 2024
домаЖивотПреку OPIN до проектот "Со климатска акција до одржлив развој"

Преку OPIN до проектот “Со климатска акција до одржлив развој”

На ден 10.11.2022 година ( четврток ) во ООУ ” Аександар Македонски “, Аеродром се реализираше обука за учениците од 9то одделение на кои им се претстави он лајн алатката OPIN која е наменета за млади лици, а произлегува од Еразмус програма за обука на млади лидери за која наставничката Александра Петровска е сертифициран обучувач од страна на Коалиција на младински организации СЕГА.
Алатката можете да ја погледнете на следниот линк
https://opin.me/en/accounts/login/?next=/en/accounts/profile/

Преку игровни активности учениците беа воведени во работилницата на што им претходеше предевалуациска анонимна анкета за млади.
Потоа учениците работеа во групи и секоја група имаше можност да ги презентира ставовите кои
произлезлегоа од воведната активност.
Учениците изгласаа правила на однесување, по кои следуваше презентација за НЕТИКЕТ како и презентација за асоцијации и дефиниции.

Во главниот дел беше демонстрирана алатката OPIN, на која учениците успешно креираа свои профили и се најавија се со цел создавање на он лајн проект кој е наречен “Со климатска акција до одржлив развој” согласно проектот поддржан од Општина Аеродром, а со реализација од страна на здружението ЗЕОООП.
Проектот беше подготвен со техниката бура на идеи од групете на учениците, кои целосно ги искреираа сите фази на подготовка на проектот и јавно го објавија на страната на платформата OPIN.
Учениците имаа можност во истиот момент да го коментираат проектот и да даваат свои мислења, идеи, предлози кои ќе бидат забележани и трајно зачувани директно на платформата OPIN.
На крајот од работилницата учениците повторно пополнија пост – евалуциска анкета.

Цели и пристап на проектот е учениците да имаат можност критички да размислуваат, размена на искуства, откривање различни можности за дигитално учество, запознавање со алатката OPIN, идентификување и размислување за областите од животна средина, развивање на нови вештини и знаења, развивање на сопствен проект за учество со други учесници, дискусија за начините на поттикнување на активност и учество во заедницата од областа на климатските промени, градење на одговорност за сопствените активности, развивање на вештини за дискусија и соработка, промовирање на одговорност, поттикнување на соработка и слободоумноста, емпатично слушање и споделување на различни приказни едни со други и изградба на вештини за социјална комуникација.

Од оваа обука произлезе желба повторно истата група на ученици да продолжат со работа на подготовка он лајн проекти и да ги зајакнат своите капацитети како и да ги продлабочат своите знаења.
Александра Петровска им вети дека во текот на следната недела ќе реализираат уште една обука и тоа овој пат за фокус група, но до тогаш учениците имаат за задача да истражуваат, размислуваат и даваат идеи што може да се направи за зачувување на здрава животна средина, поддигнување на јавна свест и климатските промени, како и да осмислат завршни коментари за искреираниот проект и јавно да ги споделат.

Коментарите можете да ги погледнете на следниот линк:
https://opin.me/mk/projects/so-klimatska-aktsija-do-odrzhliv-razvoj/

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ