четврток, април 25, 2024
домаПремиера на „Ревизор“ во Театар Комедија

Премиера на „Ревизор“ во Театар Комедија

Театар Комедија на 5 мај ќе ја изведе новата премиера „Ревизор“ од Гогољ, во режија и адаптација на Андреј Цветановски. „Ревизор“, според режисерот Цветановски, зборува за малограѓанштината не како географска одредница, туку како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко и за расипаноста на оние кои го обожуваат врховното божество, власта. Гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум на Петербург. Оваа претстава зборува за човековиот страв од власта и потребата од моќ кои како појави се појавуваат во овој систем и го јадат одвнатре до точка од која нема враќање.

Дали сите се наоѓаме во оваа приказна? До кога ќе живееме во свет во кој моќта претставува основна човечка карактеристика? И она најважното… Сите ли сме си наши?

Сценограф на претставата е Сергеј Светозарев, а костимите се на Ивана Каранфиловска. Играат: Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Стевковска Дрнасин, Жаклина Петровска Милјановска, Едмонд Сотир, Илија Илиоски, Столе Мицов, Јаков Спасов, Ангела Стојановска, Марија Кондовска, Христијан Поп Симонов. Инспициент: Нурјамет Рушити, суфлер: Весна Куковска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ