сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЖивотна срединаПрогласена вонредна состојба поради еколошката катастрофа во Сибир, Путин е бесен на...

Прогласена вонредна состојба поради еколошката катастрофа во Сибир, Путин е бесен на официјалните лица

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи вонредна состојба, откако 20.000 тони дизел се излеа во езеро во арктичкиот круг. Истекувањето се случи во петокот кога се случи хаварија на резервоарот на термоцентрала во близина на сибирскиот град Норилск.

Според „Би-Би-Си“, Путин бил бесен кога дознал дека официјалните лица слушнале за инцидентот дури два дена подоцна. Електраната е во сопственост на одружница на компанијата „Норилск Никел“, која е најголем производител на никел и паладиум во светот.

– Зошто државните службеници дознаа за ова дури два дена по инцидентот? Дали ќе дознаваме за итни случаи преку социјалните медиуми? – го праша Путин шефот на подружницата Сергеј Липин.

Гувернерот на регионот, Александар Нас, претходно му рече на претседателот Путин дека дознал за излевањето на дизел горивото во неделата, откако „се појавија алармантни информации на социјалните медиуми“.

Путин нареди истрага за еколошката катастрофа, при што беа загадени 350 квадратни километри од животната средина, а компанијата „Норилс Никел“ издаде изјава и посочи дека инцидентот е „пријавен навреме и дека се преземени сите потребни мерки“.

Бидејќи е прогласена вонредна состојба, тоа значи дека ќе бидат испратени дополнителни сили во областа за да ја санираат штетата. Поранешниот заменик директор на руската установа за заштита на животната средина „Росприроднадзор“, Олег Митвол, рече дека таква несреќа никогаш не е регистрирана во кругот на Арктикот. Тој посочи дека санирањето на последиците ќе трае меѓу пет и 10 години и дека ќе чини околу 1,5 милијарди долари.

Ова не е прв пат компанијата „Норил Никел“ да биде одговорна за излевање на нафта. Имено, во 2016 година компанијата призна дека е одговорна за излевање отпад во една река која потоа стана црвена. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ