сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаПутин на чело на Русија уште шест години

Путин на чело на Русија уште шест години

Владимир Путин убедливо победи на претседателските избори и ќе биде шеф на Русија уште шест години, откако доверба за новиот мандат му изразија повеќе од 50 милиони гласачи – речиси 77 отсто.

Според податоците на руската Централна изборна комисија, врз основа на 99,79 проценти од преброените гласачки ливчиња, за Путин гласале 76,67 проценти од гласачите, што е негов рекорд во досегашните избори во Русија.

Во 2004 година, за Путин гласаа 71,31 проценти од гласачите, односно 49,563 милиони гласачи, додека на изборите во 2012 година 63,60 проценти односно 45,602 милиони граѓани.

Централната изборна комисија, исто така, соопшти дека одзивот на гласачите достигнал 67,4 проценти.

На претседателските избори во Русија на речиси 97.000 избирачки места можеа да гласаат околу 110 милиони регистрирани гласачи, од кои 108.968.869 живеат во Русија, а во странство 1.875.408 милиони во 144 земји.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ