сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаПутин потпиша контрасанкции против САД

Путин потпиша контрасанкции против САД

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша закон со кој се воведуваат контрамерки против САД и нејзините сојузници, кои воведоа санкции врз Москва. Овој документ беше усвоен од страна на државната Дума на 22 мај, а од Советот на Федерацијата на 30 мај, објави руската агенција Тасс.

Законот стапува на сила од денот на неговото објавување и му дозволува на претседателот, меѓу другото, да ги прекине односите со непријателските земји и да ја забрани трговијата со стоки со тие земји, објави Ројтерс.

Според руските медиуми, документот дозволува воведување контрасанкции како одговор на непријателските потези на САД и други земји. Мерките може да се применат на државите и организациите под нивна надлежност, како и на службените лица и граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ