сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЖивотна срединаРеакција на граѓани од Тафталиџе за неподнослива бучава и миризби

Реакција на граѓани од Тафталиџе за неподнослива бучава и миризби

Граѓани во населба Тафталиџе реагираат до институциите за еколошки проблеми со кои се соочуваат подолго време, а како што велат изостануваат мерки од надлежните. Реакцијата ја објавуваме во целост.

ПОПЛАКА

од станарите на ул. Анкарска 21 (кај Млечен), населба Тафталиџе, општина Карпош, Скопје

Поплаката се однесува на еколошки проблеми за кои веќе пред неколку месеци (февруари/март) со мејлови се информирани вашите вработени во секторот Животна средина и Инспекторат (П.Теов, Г. Максимовска и Е. Стојановска),како и преку сајтот Е-ОПШТИНА-ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ (пријава бр.2991 и 2997). Проблемите се очигледни, но досега не се преземени никакви мерки. За нив се известени и сопствениците/корисниците на наведените деловни простори, но безуспешно. Заради тоа, уште еднаш ги изнесуваме, со тоа што овој допис ќе го испратиме на неколку адреси, па веројатно ќе се најде некој кој ќе воспостави ред во овој хаос.

Проблемите ги создаваат маркетот РЕПТИЛ и кафулето до него (поранешен ФЕНЕР) коишто во приземјето на нашата зграда (од јужната страна, меѓу двете згради на Анкарска 21 и Анкарска 33), под нашите прозорци имаат монтирано силни вентилатори за одведување на издувните гасови од кујните за готвење на јадења и скара. Овие вентилатори со постојаното бучење создаваат неподнослива, непријатна атмосфера во нашите станови (особено на подолните катови), дури и кога прозорците се затворени. Бучењето почнува околу 7 часот наутро и непрекинато трае скоро до 24 часот (до затворање на кафулето). Тоа практично значи, во овие пролетни денови да не може да се отворат прозорците, а користењето на балконитее незамисливо. Покрај бучавата, од вентилаторите излегуваат многу непријатни миризби (се чувствуваат дури до 7-от кат) поради што никако не смееме слободно да отвориме прозорци за ветреење, затоа што ако миризбата влезе во станот тој никако не може да се проветри. А, ние тука мораме да живееме и немаме начин да ги избегнеме сите овие ограничувања и малтретирања – еден вид на затвор (само заради нечиј профит и алчност). Зошто треба да трпиме терор и ние да се бориме кога постојат платени лица кои имаат законска обрврска да не заштитат? Ско се почитуваат законите и не постои самоволие (да прави секој ако што му одговара, а на сметка на другите) не ада има потреба од ваква борба. Пред се, одведувањето на гасови од кујни преку вакви „ТЕНЕЌЕ“ ВЕНТИЛАТОРИ е во спротивност со Закнот за животна средина на РМ, каде што точно е пропишано како тоа треба да се изведува. Денес постојат типови на вентилатори за ваква намена, кои не бучат и не испуштаат гасови со миризби. Јасно е дека газдите избегнуваат инвестиција за такви вентилатори, а сакаат за својот бизнис атрактивна локација со густа населеност и друго ништо не ги интересира. Така прават затоа што нема кој да ги казнува и принудува да постапуваат според Законот. Надлежните органи очигледно ги сожалуваатгаздите да не потрошат некој денар, а не оние за кои што псотојат – граѓаните.

Освен бучавата и миризбите, во вој тесен простор меѓу наведените две згради веќе повеќе од 30 години има дрвја 9три бора и еден див костен). Во некои од нив дуваат топли гасови, а и се создава неповолна микро клима не само од наведените вентилатори, туку и од 10-тина други прикачени апарати (од клима уреди, фрижидери и сл.) кои дуваат топол воздух. За ова директен доказ е што еден од боровите (во средина) веќе е оштетен, па му ставиле „пломба“ да не падне. Општинските органи треба да имаат предвид дека овој локалитет и онака е изложен на многу врева и метеж со кафулињата и централниот простор каде играат многу деца. А, во многубројните станови наоколу, сепак, некој живее.

Очекуваме дека наскоро инспекторите од општина КАРПОШ ќе направат увид на лице место и ќе преземат соодветни емрки, бидејќи за нас нема друг излез и спас, ЗАВИСИМЕ ОД ВАШАТА МИЛОСТ!

КУЌЕН СОВЕТ на Анкарска 21

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ