сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаРЕАКЦИЈА: Отворениот систем за храна е ОТВОРЕН веќе 7 години!

РЕАКЦИЈА: Отворениот систем за храна е ОТВОРЕН веќе 7 години!

Како организација “Храна за сите – Банка за храна Македонија“ почетоците на нашето општествено и хумано делување го бележиме уште од 2010 година, а во организирана форма од почетокот на јануари 2011 година.

Првата помош во прехранбени пакети, мај 2011 во с.Чајлане

Првата помош во прехранбени пакети ја доделивме уште во мај 2011 во с.Чајлане, поголема акција спроведовме кон крајот на 2011 година каде во еден месец излобиравме и поделивме околу 1,5 тони храна донација од Виталија, Витаминка и членовите – волонтери на нашата и три други организации од Скопје, а донацијата беше поделена на организацијата “Порака“ од Неготино и тоа 1,3 тони и околу 200 кг поделивме на поединци и фамилии од Велес и на фамилија со 5 деца од Македонски Брод. (СИСТЕМОТ Е ОТВОРЕН…)

Донацијата за организацијата Порака

Во 2012 првата и до тогаш најголема акција во Македонија, акцијата на донација во храна ја реализирваме со тогашниот Градоначалник и сегашен Премиер  Г-динот Зоран Заев, на  5 мај 2012  во партнерска акција со Организацијата на жени од Струмица поделивме над 100 пакети (1.3 тони храна). Тоа беше поддршка обезбедена од две Македонски компании и поддршка обезбедена од Општина Струмица. (СИСТЕМОТ Е ОТВОРЕН…)

Од 2013 година по формирањето на Коалицијата за борба против гладот (проект поддржан токму од УСАИД и ФОО Македонија – ова требаше да му се укаже на Н.Е. Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Р.Македонија г-динот Џејмс Бејли), од јули 2013 до ден денес над 300 лица во 11 градови во Р.Македонија (Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Куманово, Струга, Охрид, Кочани, Неготино, Струмица и дел од периодот беше Тетово) во партнерство и посветеност на 13 граѓански организации, тие лица добиваат барем еден оброк дневно. (системот е отворен и работи 365 дена цели пет години…и продолжува да работи)

Дека плагијатот и безобразлукот нема граници и образ е фактот што преку Цивика мобилитас програмата поддржна од Швајцрската Амбасада во Р.Македонија ( ова требаше да и се укаже на Н.Е. Г-ѓа Сибил Сутер Тејада, Амбасадорката на Швајцарија во Македонија) беше поддржана иницијативата за споделување на искуства за ПРВИОТ донесен Закон за донација на храна во Франција со гостување на Г-дин Араш Дерамбарш од Франција ( инаку почесен член на Банката за храна Македонија) со кој работевме на нацрт Законот кој евентуално би бил поднесен до Собранието на Р.Македонија уште во септември 2015 година, а инцијатива која како предлог беше споделена и разговарана уште кон крајот на 2014 година со тогашниот Градоначалник и сегашен Премиер  Г-динот Зоран Заев. (СИСТЕМОТ Е ОТВОРЕН…)

Но, како по обичај, млади плагијати кои С од СИРОМАШТИЈА не виделе или осетиле, ниту една чоколада или едно смоки, а не па едно лепче да подале некому, копирајќи ја повеќе од половина од нашата предлог иницијатива која беше поднесена до Цивика мобилитас “решиле“ дека тие се повикани да носат Закон за донација на храна, хм,хм,хм, те нели имаме Закон за донации и спонзорства, па уште иницијатива од обезбедување на 2 оброка за 1000 луѓе, не знаејќи колку сето тоа кошта, па по некое време се нафаќаат да етаблираат платформа која не тетка Љубинка од с.Црешево ништо не и значи (сама и изнемоштена старица која нема никој околу себе) ниту пак знае дека “…ќе има 2 оброка дневно…“, па ајде сега и ќе отворат нешто што е ОТВОРЕНО и ФУНКЦИОНИРА на терен секој ден веќе 5 години.

Повиканоста ја црпат од тоа што биле еколошка организација, ајде де, ја решија екологијата па сега сиромаштијата и гладот, ете затоа западниот свет во одредни моменти (читај постојано) го критикува граѓанскиот сектор во Р.Македонија, и очекувањата на реални остварливи резултати (чест на поедини организации и поединци кои се целосен исклучок од овие плагијати и партиско политички спинови – синови и внуци…) кои биле предвидени да се остварат во тие  проекти кои биле превземени и поддржани од разноразни страни и донатори.

Ова е слика за денешната “младина“, жално ни општество во кое секој втор (читај секој еден и половина во просек)  и способен млад и средновечен човек избега од тука (не навлегувам во причините и мотивите), општество во кое мораш да бидеш партиски потрчко и да живееш како “зомби“ кое го храни “некој/а“ со болни амбиции да се  биде од целиот систем и секој сектор на општественото живеење, без притоа да се има сенс и разбирање за состојбата во која се наоѓаат голема група наши сограѓани.  (со сигурност тврдам дека не се 455.000… бидејќи во Македонија не живеат повеќе од 1.500.000 граѓани )

Нивната замисла не им е да направат нешто да функционира на транспарентна и пред се чесна основа, нивната мотивација е да се добие некое ситно проектче, да се шушне тука – таму, да се дрпне некој денар (читај мнооогу денари) од систем кој денес и не е систем туку проект на една државна инсититуција, а одговор за гладните и сиромашни сограѓани гласи… извинете не ни дадоа повеќе да ви помогнеме. (СИСТЕМОТ Е ОТВОРЕН…по отворен здравје!?)

Ако велат дека пред бројките и Боговите молчат, е па еве ги ВИСТИНСКИТЕ показатели дека системот е отворен и функцинира веќе подолго време и тоа:

  • 410 тони храна излобирани од компании – оператори со храна и во средства за набавка на храна и прехранбени производи,
  • 90 тони подржани од разни инситуции,
  • 50 тони храна собрани во реализирнаи над 20 хуманитарни акции, собрани од самите граѓани во шест градови во нашата држава
  • собрани и поделени над 20 тони термички обработена храна од угостителските објекти
  • над 40 тони храна и прехранбени производи донирани од меѓународни организации кои работат во Република Македонија.

(само во 2017 година собравме и поделивме над 96 тони храна, а за оваа година бројките кажуваат дека ќе имаме над 200 тони донации во храна…), Е ОВА Е ОТВОРЕН СИСТЕМ!

Магацинот на Банка за Храна

За волја на вистината, имаме и соодветен складиштен и административен простор на Банката за храна Македонија – донација од Европската Федерација на Банки за Храна – ФЕБА, семејство од 363 Банки за храна во кое припаѓаме уште од декември 2011, возило за прифаќање и дистрибуција на истата (донација од LIONs CLUBs Macedonia)  и секако оспособени лица кои на волонтерска основа го знаат банкарството со храна и помагаат колку можат, а можат  и помагаат многу, ЕТЕ И ОВА СЕ ВИКА ОТВОРЕН СИСТЕМ!

 

 

 

 

 

 

 

НАПОМЕНА: Би сакал да им се извинам на СИТЕ ВИСТИНСКИ ХУМАНИ И ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ГРАЃАНИ кои чесно и поштено ја исполнуваат својата зацртана мисија и цел во рамки на своите програми и можности, истите не се акцент на мојата рекација.

Душко Христов,

основач и претседател на БАНКА ЗА ХРАНА – Македонија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ