САД: Повторно снежни бури, вонредна состојба во две држави

0
234

По втор пат во една недела, североисточниот дел на САД го погодија силни снежни врнежи, поради што беа откажани многубројни летови, затворени училишта, а во некои делови имаше и прекин на струја.

Десеттина илјади луѓе останаа без струја на подрачјето од Филаделфија до Њујорк, а повеќе од 2.600 летови во тој регион се откажани, пренесува АП.

Откажани се и поаѓањата на одделни возови и автобуси, а гувернерите на американските сојузни држави Њу Џерси и Пенсилванија прогласија вонредна состојба.