сабота, јули 27, 2024
домаЖивотРепортажиСкадар – бунтовен и млад

Скадар – бунтовен и млад

Многумина од нас, итајќи на летен одмор кон југоносталгичните дестинации: Бар, Будва, Котор Херцег Нови и понатаму Дубровник, Задар и др., минуваат крај Скадар – град историја. Предрасудите и незнаењето често не одвраќаат од можноста да се истражи, да се прошири видикот, ако не, да се збогати барем туристичкото знаење за попатните знаменитости. Една од нив е секако Скадарското езеро.

На само неколку километри десно скршнување од новиот мост кој води до Црногорската граница, се наоѓаат неколку ресторани коои нудат свежа риба и др.морски и езерски специјалитети. Градот Скадар брои речиси 90 илјади жители, а просечната старост на населението е под 30 години (од 1991). Трговскиот акцент на градот е споменуван во далечното минато (Млеќани, Римјани…) и се одржува и денес. Доказ за тоа се бројните продавници и брендирани бутици, а во минатото биле регистрирани дури 3500 продавници. Регионот што денеска одговара на територијата на градот е основан во 4 век п.н.е. од страна на древните илирски племиња (Ardiaei и Labeates). Тоа е потврдено од артефактите и натписите откриени во замокот Розафа, нем сведок на значајното минато и актуелна туристичка атракција. Во тоа време градот бил познат под името Шкодра (Scodra) Името го задржал до денес, а по него е именувано и езерото.

Градот историски се развивал на рид од 130 метри, кој е стратешки лоциран на местото од каде што се протега одлична глетка на околината. Многу легенди се раскажуваат за калцификатните капки кои излегуваат од ѕидините на замокот, (асоцијација за доење) со што се потврдува универзалната значајност на градбата, а од друга страна е духовната храна на луѓето кои живееле и живеат на овие простори од памтивек. Присвојувањето на историските настани говори за балканскиот менталитет и за спротивната насока на движење во однос на евроинтеграциските процеси. Скадарското езеро, најголемо на Балканскиот полуостров (370км2) се полни главно од реката Морача (65%) и претставува криптодепресија. Езерото се одлива во Јадранското море преку реката Бојана (алб.Буна) која претставува природен маркер на границата меѓу Албанија и Црна Гора. Две третини од езерото припаѓаат на Црна Гора, а една третина на Албанија. Од 34 видови на риба дури 7 се ендемски за езерото во кое изобилуваат крапови и јагули.

Интересно е да се спомене дека реката Дрим ја обезбедува врската меѓу Охридското езеро и Скадарското. Ако треба да го именувате градот со еден збор што ќе го карактеризира и ќе го отслика веродостојно тоа е зборот младост. Иако е во директна спротивност со фактичкото постоење на градот, верно ја опишува сликата на улица, меѓу насмеаните луѓе. Говори за оптимизмот и за развојната компонента. Говори за сигурната дирекција кон Европа, онаква каква ја замислуваат сите оние кои не се отселиле во тешкотија и сите кои се вратиле за да ја пресликаат тука. Говори за младите и за насмеаните, влева оптимизам и се разликува од запустените градови од нашата провинција на кои сме навикнати.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ