сабота, јули 27, 2024
домаСе стега обрачот на манупулативната правда - прислушкуваните разговори за Титаник стануваат...

Се стега обрачот на манупулативната правда – прислушкуваните разговори за Титаник стануваат доказ

Апелација донесе одлука да се прифатат прислушуваните разговори како доказ во  постапка во случајот Титаник 2.

Станува збор за разговори кои се воделе меѓу поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, и Мендух Тачи. Во разговорите се слуша како тие се договараат за гласање по однос на приговори на изборите во ДИК.

Колку за потсетување, на прес-конференцијата на која Специјалното јавно обвинителство ја објави информацијата за отворената истражна постапка, обвинителката Фетаи тогаш рече дека предметот за „Титаник 2“  е втор по важност предмет после прислушкувањето каде е нападнат целокупниот уставен и правен поредок и особено најважните човекови права.

Обвинетите Мијалков, Тачи, како и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, сегашниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и петтемина судии од Управниот суд, не дојдоа на вчерашната јавна седница.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ