Што значат ознаките на јајцата и зошто никогаш не треба да ги купувате оние со број три?

0
196

Јајцата, како и други производи имаат свои бројки кои имаат соодветни значење за нивнотопотекло и начинот на добивање. ТЕХТ.МК ви открива која бројка што значи:
Бројот 0 е кратенка за органски јајца, кои се и најскапи.
Број 1 означува јајца од слободен дострел, а станува збор за кокошки кои поминуваат време надвор и имаат пристап до природна храна, и се смета дека тие го претставуваат најдобриот избор по цена и понуда.

Под број 2 се јајцата од подно одгледување, овие кокошки не се во кафез, но не поминуваат време надвор, не јадат природна храна, збиени се на мал простор.

Бројот 3 значи одгледување во кафез! Експертите посочуваат дека никогаш не треба да паѓаме на индикациите на амбалажата, како на пример 100% растителна храна и слично. Тие кокошки се во кафез, никогаш не ја виделе светлината на денот и не се хранат со вистинска храна. Затоа не треба да се купуваат јајца со таа етикета!

Производителите честоапт со бројката 3 знаат да наведат дека исхраната на кокошките е вегетаријанска и природна или пишува дека се од фарма, а бројот 3 покажува дека јајцата се од кафези, што значи бактериско размножување.

Напомена и дека и јајцата кои се во помали пакувања на кои пишува ОМЕГА е ТРИК бидејќи и тие јајца се од одгледуваат во кафез!

А.Накова