сабота, јули 27, 2024
домаСибирската вакцина „ЕпиВакКорона“ ефикасна во 94% од случаите

Сибирската вакцина „ЕпиВакКорона“ ефикасна во 94% од случаите

Вакцината „ЕпиВакКорона“ е ефикасна во 94 проценти од случаите кај лица постари од 60 години, изјави Александар Смирнов, шеф на Центарот за научни истражувања за вирусни инфекции „Вектор“ во Екатеринбург.

„Вакцината произведува ефикасни антитела во 94 проценти од случаите. Во секој случај, заштитува од тешки форми на инфекција“, изјави Семенов за радиото „Вести ФМ“.

Според него, луѓето кои се разболуваат и по вакцинирањето – „не умираат“. Во овој момент, третата фаза на тестирање е завршена во осум центри низ цела Русија, нагласи Семенов.

Тој најави дека производството на „ЕпиВакКорона“ ќе достигне 1,5 милиони дози во април, а 3 милиони дози во мај, а од јуни ќе се произведуваат 5 милиони дози месечно.

Научниците истакнаа дека оваа вакцина е ефикасна против „сите познати, британскиот, јужноафриканскиот“ сој на корона вирусот.

Во октомври минатата година, претседателот на Русија, Владимир Путин, објави дека во Русија е регистрирана втората вакцина против корона вирусот, која е изработена од Државниот научен центар „Вектор“, и која е наречена „ЕпиВакКорона“. Испитувањата на вакцината по регистрацијата започнаа на 26 ноември, а на 18 ноември Министерството за здравство на Русија издаде дозвола до центарот „Вектор“ за спроведување на испитувања по регистрација на вакцината „ЕпиВакКорона“. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ