четврток, април 25, 2024

Скопје се гуши!!!

Првиот работен ден во Новата Година не потсети дека наредниве 365 дена ќе мора да се бориме со загадениот воздух и да се навикнеме да практикуваме здрави, одржливи навики за сите да дишеме чист воздух.

Утрово Скопје и скопјани повторно се гушат. Во Миладиновци се измерени 329 микрограми на метар кубен, потоа Карпош со 293 микрограми на метар кубен, и Рекотрат со 247. Во Лисиче се измерени 236 и во Центар 207 микрограми на метар кубен. Сношти, во 21 часот најзагдено беше во Лисиче, каде што концентрациите на ПМ 10 честички достигнаа 556 микрограми на метар кубен, во Карпош беа 441 микрограм на метар кубен, Битола исто така беше една од позагадените со измерени Битола 413 микрограми на метар кубен, во Куманово 350, Тетово 280, Центар 275, Кавадарци 239  микрограми на метар кубен.

Само колку за потсетување ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ