сабота, јули 27, 2024
домаСнегот во Атина ја одложи вакцинацијата против коронавирус

Снегот во Атина ја одложи вакцинацијата против коронавирус

Невообичаено обилен снег го зафати центарот на Атина, а властите ги предупредија жителите, особено во северните и источните предградија на грчката престолнина, да избегнуваат напуштање на своите станови утрово.

Здравствените власти објавија дека сите вакцинации против коронавирус во пошироката област на Атина и Атика се одложени.

Линијата на атинското метро која делумно сообраќа на отворено кон северните предградија, е запрена, а повеќето автобуси се повлечени од улиците на Атина од безбедносни причини.

Снегот се чисти и се попрскува сол во центарот на Атина за да се подготват улиците за сообраќај и движење на пешаците.

Патниот и поморскиот сообраќај вчера беше нарушен во Грција по обилните врнежи од снег, додека Цивилната заштита предупреди на „опасните временски појави што ќе продолжат“.

Снегот започна да паѓа во центарот на Атина доцна синоќа и продолжи да паѓа цела ноќ.А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ