сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаТурција со нови апсења за поврзаност со движењето на Ѓулен

Турција со нови апсења за поврзаност со движењето на Ѓулен

Турската полиција уапси 65 лица во Измир поради сомневање дека се поврзани со мрежата предводена од Фетула Ѓулен, а меѓу уапсените се најмногу бивши членови на воздушните безбедносни сили, објавија турските државни медиуми.
Обвинителот во Измир издаде наредба за апсење на 96 лица, а досега 65 лица се уапсени во 15 турски провинции, додека други сеуште се бараат, објави АП.
Во одделна операција, беше издаден налог за апсење на 93 лица вработени во училиште поврзано со движењето на Ѓулен.
Турција воведе вонредна состојба и започна масовни апсења по неуспешниот државен удар во 2016 година, за што се обвинува Фетулах Ѓулен, кој моментно живее во САД.
Досега, повеќе од 50.000 луѓе беа уапсени, а 110.000 беа отпуштени од своите работни места во државната служба, меѓу другото, и во војската.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ