петок, декември 6, 2024
домаНасловнаВето на Холандија за отворање на преговорите со Албанија

Вето на Холандија за отворање на преговорите со Албанија

Холандскиот парламент го блокираше отворањето на пристапните преговори со Албанија пред самитот на Европската унија на 28 и 29 јуни.

Според извештајот на денвникот„Де Телеграф“, 76 од 150 пратеници кои ја поддржуваат владата на Марк Руто ја затворија вчера пристапната врата за Албанија поради загриженост во врска со борбата против корупцијата, објави порталот „Еурактив“.

Само 33 пратеници од Демократската партија (Д66) и Зелените го поддржаа почетокот на преговорите, верувајќи дека земјите ќе се грижат за владеењето на правото, за пристапот кон криминалот и за борбата против корупцијата, доколку имаат јасна перспектива за пристап.

Пратеникот на Демохристијаните  (ЦДА МЕП) Мартин Ван Хелверт рече дека Холандија го препознава се поголемото влијание на Русија и Кина на Западен Балкан, но додаде дека ова не е причина за правење компромиси околу критериумите за пристап.

На самитот, исто така, ќе се одлучува и за пристапните преговори со Македонија по постигнување на договорот за спорот околу името со Грција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ