вторник, декември 3, 2024
домаВо авионска несреќа загина ќерката на најбогатиот Турчин

Во авионска несреќа загина ќерката на најбогатиот Турчин

Турција денеска ја погоди веста дека попладнево во авионска несреќа загина една од најпознатите жени претприемнички, Мина Башаран, ќерката на еден од најбогатите Турци, Хусеин Башаран, сопственик на холдингот Башаран. Како што пренесуваат турските медиуми авионот кој се срушил на Иран, се враќал од Дубаи каде Мина  организирале моминска вечер за најдобрите пријателки бидејќи на 28 март требала да се мажи.

Мина Беше ќерка единица на семејството Башаран, а со својата амбициозност најавуваваше дека наскоро ќе го превземе управувањето на холдингот од нејзиниот татко. Покрај тоашто беше позната како млада претприемничка истовремено беше и многу гласна во борбата заправата на жените во Турција.

Приватниот авион Bombardier Challenger 600 кој летал од Шарџа во ОАЕ за Истанбул, се урнал во близина на градот Шахр Корд во планинскиот регион во централниот дел на Иран откако исчезнал од радарот. Се испостави дека само жени патувале во авионот. Пилотот Мелик Кјувет е една од првите женски пилоти во турските вооружени сили. Остатокот од екипажот исто така биле жени. Но, од седиштето на Башаран холдинг објавија дека не биле претходно известени за летот на авионот.

Во несреќата загинале вкупно 11 лица, 8 патници и 3 од екипажот. Покрај Мина Барашан, ќерката на еден од најбогатите Турци, Хусеин Барашан е и познатата модна креаторка Лијана Хананел.

Башаран холдинг покрај тоа што е сопственик на фудбалскит тим Трабзонспорт, е познат и по бизнисот со храна,  финансии, градежништво, туризам, воздухопловство, а како дел од империјата Башаран се инвестициите во ланецот хотели Рамада Ресорт во Бодрум и Рамада Плаза Трабзон.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ