четврток, април 25, 2024
домаВо Македонија нема увоз на белгиско месо од „Вевиба“?!

Во Македонија нема увоз на белгиско месо од „Вевиба“?!

Според пишувањата на е-весник за правата на потрошувачите Среќни потрошувачи, задоволни произведувачи, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов на денешната прес конференција потврди дека во Македонија нема од белгиското месо за кое се претпоставува дека е старо над 12 години.

– Пристигнати се количини месо од Белгија, но не и од компанијата што е во РАСАФ системот на ЕУ, истакна директорот.

Само колку за потсетување, Системот за итно предупредување на ЕУ за безбедност на храна на 8 март објави дека е регистрирано месо на месарската компанија „Вевиба“ од Белгија која ги фалсификувала податоците за рокот на траење на месо и месни производи. Во образложението на Системот за предупредување уште се вели дека во нив се ставале делови од животински тела кои воопшто не се дозволени за човечка консумација. Месото се извезувало и во Југоисточна Европа.

Од кланицата во Бастоњ, како што пишува во Среќни потрошувачи, задоволни произведувачи, инспекторите зеле 200 примероци од 2.000 палети со месни производи кои биле подготвени за транспорт и утврдиле неправилности кај дури 133 од примероците. Имало и „кланички отпад“, кој се дозволува за ставање во храна за животни, но не и за човечка употреба.

Поради ова, како што се наведува, големите трговски синџири во Белгија, Холандија, Луксембург и Велика Британија го отстраниле месото на фирмата „Вевиба“ од своите објекти и ја прекинале соработка со компанијата.

“Ова потенцијално може да биде ризик, особено за луѓето кои консумираат сурово месо, иако за добро готвеното месо ризикот е помал”, изјави Филип Ходарт, поранешен портпарол на ФАСФК, за локалните медиуми во соопштението за печатот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ