четврток, април 25, 2024
домаВо продажба билетите за 22. ОФФ-фест

Во продажба билетите за 22. ОФФ-фест

Влезниците за 22. издание на традиционалниот ОФФ-Фест, што ќе се одржи од 7 до 10 јуни во Националната опера и балет и МКЦ, се веќе во продажба. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2023 ќе го отвори, на 7 јуни, импресивниот аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка ѕвезда MÍSIA. Фасцинантната моќ на модерната естонска фолк кралица MARI KALKUN, во комбинација со раскошната интерпретација на македонската традиционална песна од страна на единствената ЗАРИНА ПРВАСЕВДА и нејзиниот состав, создаваат услови за беспрекорно фестивалско доживување. Оригиналниот микс од пустинскиот гитарски блуз и транс ритмите на италијанската Таранта на волшебниот тандем JUSTIN ADAMS & MAURO DURANTE, ќе ја пресретне софистицираната интроспективна лиричност и неодоливиот шарм, талент и визија на нашиот Њујорчанец КРСТЕ РОЏЕВСКИ. За мистериозната аура на култната чешка двојка IRENA & VOJTECH HAVLOVI ќе сведочи нивното уникатно концертно патување, но и прикажувањето на документарниот филм „Little Blue Nothing: A musical portrait of Irena and Vojtech Havlovi”. ОФФ-Фест 2023 ќе го заокружат фуриозните настапи на две исклучително возбудливи музички појави: новата world-music атракција BAB L’ BLUZ со својот психоделичен марокански фанк-рок звук, како и деветчлениот оркестар на легендарното име на конгоанската румба, гитаристот DIZZY MANDJEKU & THE ODEMBA OK ALL STARS.

Билетите за 22. ОФФест се достапни на билетарниците на НОБ и МКЦ, како и онлајн преку mktickets.mk.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ