недела, декември 8, 2024
домаЗабрана на ТикТок на телефоните на британската влада

Забрана на ТикТок на телефоните на британската влада

Апликацијата за социјални медиуми ТикТок во кинеска сопственост ќе биде забранета за телефони што ги користат владините министри и државните службеници во Велика Британија, јавува „Би-Би-Си“.

Кабинетот на министерот за меѓувладини работи Оливер Дауден ќе им се обрати на пратениците подоцна. Официјален коментар нема, но се очекува министерот Дауден да ја потврди забраната на кинеската апликација на сите уреди.

ТикТок се соочи со обвинувања за предавање кориснички податоци на кинеската влада. Компанијата остро го негираше ова. Британскиот Национален центар за сајбер безбедност размислуваше дали на ТикТок треба да му се забрани пристап до владините телефони, а владата е под притисок од законодавците да ги следи САД и Европската комисија во забраната на апликацијата.

Канада и Белгија веќе презедоа слични потези.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ