сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЖивотна срединаЗапочна најконтроверзниот самит за клима, COP28

Започна најконтроверзниот самит за клима, COP28

Во контроверзен стил започна годинешниов самит на ООН во борбата со климатските промени. Имено, председателот на Климатскиот сaмит, познат како COP28, кој оваа година се одржува во Дубаи од 30-ти ноември до 12-ти декември, Султан ал-Џабер, апелираше до светските лидери да пронајдат заеднички политички став што ќе ги исполни глобалните климатски цели.

Од нашиот специјален известувач од Дубаи, Наташа Доковска

Ал-Џабер, кој исто така е директор на националната нефтена компанија на Обединетите Арапски Емирати, АДНОК, ги замоли светските лидери да соработуваат.
“Колеги, нека историјата биде показател дека ова претседателство направи смел избор за проактивно вклучување на компаниите за нафта и гас во борабата со климатските промени. Имавме многу тешки дискусии, не беше лесно”, изјави Ал-Џабер, на отворањето на самитот.
Од денеска, 30 ноември, па се до 12 декември повеќе од 8 илјади учесници ќе поминат низ сината (официјалната) и зелената зона на Експо центарот во Дубаи. Неколкуте илјади климатски адвокати, дипломати и други учесници присуствуваат на настанот во еден од најосветлените градови изграден на богатството што го донесоа преку ископување на горива во регионот. Фактот дека најважниот самит за климата се организира од водечкиот производител на нафта, предизвикува вознемиреност кај еколозите. Тоа што претседателот на самитот, Султан Ал Жабер, управува со АДНОК, националната нефтена компанија на Обединетите Арапски Емирати, е доказ, како што неофицијално се говори тука во Дубаи, дека се направени договори во корист на Големите нафтени компании. Ако, кон ова се додаде податокот дека најголем број на гостите се лобисти, банкари и претседавачи со најголемите нафтени индустрии кои се дојдени со понежните половини и нивните бебиситерки, тогаш може да се поверува и на шпеклуациите дека се однапред одлучено, а тука ќе се случува најскапото реалити шоу.
Ако се знае дека од Абу Даби на Персискиот Залив, патот на бродовите кон светските пазари за најголемата концентрација на резерви на нафта на светот оди преку Фуџаира во Оманскиот Залив, пристаниште на кое со тенкери се носи руска нафта, избегнувајќи ги Западните санкции, постои чувство дека ќе дојде до загрозување од очекуваните решенија во корист на климатските промени. Она што овде ги мачи вистинските еколози и населението затечено од климатските промени е недостатокот на вода и домашна храна. Истовремено се поголемо прашање станува како да се стави крај на зголемување на температурата. Градовите изградени на овие пустински песоци се изложени на ризик од подигнување на морското ниво. Фактот што Обединетите Арапски Емирати со градбите кои катаденво ги граиа предизвикуваат зголемување на глобалните температури го прави овој самит уште повеќе напнат.
Она што сепак се очекува е ограничувањето на фосилните горива и емисиите на јаглерод диоксид да биде на врвот на агендата на самитот, а ќе се разговара и за забрзана енергетска транзиција, подобрување на финансирањето на климата, како да се заштити природата и како да се заштити од екстремни временски настани, но исто така како да се промовира инклузивноста во управувањето со климата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ