сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЖивотна срединаЗдравствена криза во Улан Батор: Повеќе смог отколку во Пекинг и Њу...

Здравствена криза во Улан Батор: Повеќе смог отколку во Пекинг и Њу Делхи

Смогот во главниот град на Монголија Улан Батор доведе до криза на јавното здравје, особено кај децата, а се верува дека трошоците за лекување ќе претставуваат нов притисок врз буџетот, според Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Владата треба да преземе итни мерки за сузбивање на здравствените проблеми предизвикани од смогот, се наведува во студијата на УНИЦЕФ и монголскиот Националниот центар за јавно здравје, додавајќи дека неделувањето ќе ги зголеми трошоците за лекување за една третина до 2025 година.

-Загадувањето на воздухот стана главен извор на криза во детското здравје во Улан Батор и постои ризик за секое дете и бременост, рече претставникот на УНИЦЕФ во Монголија Алекс Хелкенс.

Ризиците вклучуваат мртвородени деца, предвремено породување, ниска родилна тежина, пневмонија, бронхитис, астма, и пореметувања во работата на мозокот.

Нивоата на загадување во Улан Батор станаа полоши отколку во Пекинг и Њу Делхи, се вели во извештајот. Концентрацијата на честички во воздухот познати како ПМ2.5 беше 3.200 микрограми на кубен метар, колку што се измерени на една мерна станица на 30 јануари. Просечните вредности на ПМ2.5 за јануари изнесуваа околу 206 микрограми во Улан Батор.

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува годишна просечна концентрација на ПМ2.5 од не повеќе од 10 микрограми. Во Пекинг, ПМ2.5 изнесуваше 34 микрограми во јануари, што е намалување за 70,7 отсто од претходната година.

Нивото на смог е особено високо во текот на студените месеци во сиромашните квартови на Улан Батор населени со мигранти, претежно во шатори.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ