вторник, ноември 26, 2024
домаЖивот15те највлијателни жени во светот

15те највлијателни жени во светот

8 март е ден за признавање на женските економски, политички и социјални достигнувања

На 8 март го славиме Меѓународниот ден на жената. Ден на кој се признаваат економските, политичките и социјалните достигнувања на жените.

Кои се највлијателните жени во светот според рангирањето на „Форбс“ за 2019 година?

15. Кристалина Георгиева

Шефицата на Светска Банка, Кристалина Георгиева, се најде на 15-то место на престижното рангирање за 2019 година на . Нејзините успеси се однесуваат на нејзината позиција како извршен директор на Светска банка.

 

14. Сафра Кац

Бизнисменката Сафра Кац, извршен директор на софтверскиот гигант Оракл, се најде на 14-то место меѓу највлијателните жени во светот. Сафра Кац е една од ретките жени милијардерки што сама го заработила своето богатство.

13.Изабел Кохер

Изабел Кохер, извршен директор на енергетската компанија Енџи, Франција, се наоѓа на 13-то место.

12. Сузан Војчицки

На 12-то место е шефот на Јутјуб Сузан Војчицки. Сузан Војчицки има статус на ѕвезда во Силиконската долина. Таа е исто така е меѓу најбогатите жени во САД кои го заработија своето богатство.

11. Гејл Бодро

Гејл Бодро е извршен директор на Фондот за здравствено осигурување Anthem, во САД. Таа е ветеранка во здравството, и управува со компанијата со приход од 90 милијарди американски долари. Во 2018 година, акциите се зголемија за 45% од една година.

10. Мерилин Хусон

На чело на гигантот Локхид Мартин стои жена – Мерилин Хусон. Таа беше рангирана за 10-тата највлијателна жена во светот. Хусон го направи Локхид Мартин најголем провајдер на одбраната во САД.

9. Џини Ромети

Извршниот директор на IBM, Џини Ромети, се најде на 9-то место. Таа е прва жена што го предводеше технолошкиот гигант во 2012 година. 62-годишниот Ромети се очекува да се повлече од функцијата во април оваа година. Претходните газди на најголемиот провајдер на софтвер и хардвер во светот, исто така, се повлекоа на возраст од 60 години.

8. Ана Патриша Ботин

На 8-то место е Ана Патриша Ботин – извршен директор на Сантандер Банка. Таа го наследи својот починат татко на чело на банката и станува највлијателна жена во европскиот банкарски сектор.

7. Абигејл Џонсон

На седмото место е Абигејл Џонсон, извршен директор на Фиделити Инвестиции. Средствата на најголемата пензиска компанија во САД пораснаа за 20% на 6,8 трилиони долари во 2017 година под управување на Абигејл Џонсон, и со профит – од повеќе од 50%.

 

6. Мелинда Гејтс

На 6-то место е Мелинда Гејтс. Таа се рангира на ова место благодарение на нејзината филантропска активност. Бил и Мелинда Гејтс е најголемата приватна добротворна организација во светот. Основана е во 2000 година.

5. Мери Бара

На петтото место е извршниот директор на „Џенерал моторс“ Мери Бара.
По значителните загуби во 2017 година поради новиот закон за даноци во САД, под водство на Мери Бар, компанијата повторно се издига. Инвестирани се над 2,25 милијарди американски долари во компанија за автономни автомобили.

4. Урсула фон дер Лаејн

На четвртото место е претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаејн. Таа е прва жена на ова работното место и е одговорна за законодавството што засега над 700 милиони Европејци.

3. Ненси Пелоси

На третото место е Ненси Пелоси. Таа е 52-та претседател на Претставничкиот дом на САД и жена со највисок ранг во земјата. Во 2019 година по нејзина иницијатива започна четвртата постапка за импичмент во американската историја, овој пат против претседателот Доналд Трамп.

2. Кристин Лагард

Втора е првата жена што ја предводи Европската Банка за Развој – Кристин Лагард. Лагард е одговорна за европската монетарна политика.

 

  1. Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел повторно е на врвот на списокот на највлијателните жени во светот. Со нејзиниот четврт мандат моментно го води Германија, која е најголема европска економија.

Подготвила: Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ