Министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање кажа дека продолжува вакцинирањето со вакцините кои што ги имаме, а воедно и со вакцината „Астра Зенека“ и засега не се планира прекинување на вакцината. Тој кажа дека 20 отсто од граѓаните кои имале закажано вакцинирање денеска не дошле да се вакцинираат.
Тој не знае на што се должи ваквата реакција на граѓаните, но апелира дека сите вакцини се безбедни и дека МЗ ги следи препораките од Европската агенција за лекови.
Н.Д.