Утре се означуваат 30 години од издавањето на првата доплатна поштенска марка, одобрена со посебен закон на Собранието на Република Македонија
Марката беше во издание на Црвениот крст на Република Македонија. Автор е Живко Поповски Цветин. Беше во оптек од 1 февуари до 31 март, 1993 година.
Во контекст на марката авторот ги посочива стиховите што му ги подарил кинескиот поет и учесник на Струшки вечери на поезијата, кој запишал: “На Живко Поповски- Покриена е со свежо цвеќе, пространата македонска земја, цвеќето што го посади македонскиот сликар. Јанг Ху Народна Република Кина”.
-Тоа навистина ме поттикна и Македонија да ја сликам со цвеќиња и во 1993 година да излезе една поштенска марка “Република Македонија цвеќе на мирот” која беше одобрена од страна на пратениците на Република Македонија, а тоа го направивме на моја иницијатива и со голема поддршка и помош од мојот почитуван Стојан Тренчевски. А тоа преку Црвениот крст таа иницијатива ја реализирате да преку Собранието на Македонија да се донесе односно да се промовира една марка “Република Македонија- Цвеќе на мирот”. Јас три апликации дадов со Македонија и сите три марки се од 1993 година беа во оптек од 1 февруари до 31 март и таму се изработија комплет за овие филателисти и картички и блокови и навистина тоа беше една промоција на Македонија како цвеќе на мирот низ светот. Пораката на марката беше со убавината на секој цвет пораката за мир нека го обедини целиот свет, Република Македонија- цвеќе на мирот, се посетува Цветин.
Валентина Ѓоргиевска Парго