Од Toyota порачуваат да го погледнеме семафорот. А тој е многу јасен, и тоа пред да се знаат податоците за целата мината година.
Toyota во првите 11 месеци од минатата година продаде 9.857.938 возила, во што сигурно влегува и продажбата на останатите марки од концернот, како што се Lexus, Daihatsu и Hino.
Порано оваа недела, Volkswagen групацијата објави дека во текот на минатата година продале 9.239.500 возила и оствариле пад на продажбата од 2,3 проценти во однос на претходната година.
Со тоа, Toyota оствари предност од 618.438 продадени примероци. Сосема е јасно дека со ова Toyota го обезбеди статусот на најпродавана марка во светот минатата година.
Toyota со ова победи петта година по ред, и тоа покрај забележителниот пад од 3,6 проценти во однос на 2023 година. Очигледно е дека широката гама на класично погонувани модели беше подобар избор од проширувањето на електричната понуда, карта на која играше VW групацијата со повеќе марки во својот портфолио, пишува Index.hr.
Да споменеме и дека третото место го освои корејскиот гигант Hyundai-Kia со околу 7,23 милиони продадени возила и остварен пад од 1 процент во однос на 2023 година.
Ф.С.