Симптомите на менопауза се многу непријатни, но, за среќа, со внимателен избор на исхрана, тие можат значително да се ублажат, велат нутриционистите.
Ако сте навикнати ноќе да го фрлате покривачот од себе, само за неколку моменти подоцна повторно да се завиткате во него, тогаш добро знаете што е ноќно потење – еден од најтешките симптоми на менопауза. Ова најчесто го сведочат и жените кои се дел од разговорите посветени на ублажување на последиците од менопаузата, а се дел од проектот што го спроведува ХО Скриениот херој во секое дете, со поддршка на компанијата ДМ.
Менопаузата официјално започнува една година по последната менструација, а просечната возраст на нејзиното појавување е 51 година. Сепак, перименопаузата може да започне и до 15 години порано, а двата периода можат да донесат низа непријатни симптоми – исцрпувачки топлотни бранови, несоница, мозочна магла и промени во расположението, кои се резултат на пад и флуктуации на нивото на прогестерон и естроген, додека забавениот метаболизам е последица на намалување на тестостеронот.
Приспособувањето на сите промени низ кои телото поминува во овој период може да биде предизвик, но исхраната богата со растителни намирници може значително да помогне.
„Најдобрите намирници за менопауза се оние богати со влакна и полифеноли, што во суштина значи многу растителни намирници,“ вели нутриционистката Весна Граорска.„Зголемувањето на внесот на полифеноли преку бобичесто овошје и темнозелено зеленчук, како и јаткасти плодови, мешунки и семиња богати со влакна, може значително да ги подобри симптомите на менопауза и да го намали ризикот од болести поврзани со постменопауза.“
На последното предавање се говореше како да се ублажат симптомите на менопауза преку исхраната.
Доколку имате топлотни бранови јадете: „Намирниците богати со фитоестрогени (растителни естрогени кои ги имитираат нашите хормони) му помагаат на телото да апсорбира природен естроген преку хормоналните рецептори,“ објаснува Ди Мареј од Menopause Experts Group. „Јадете повеќе соја производи, наут – пробајте го печен со пиперка или чили – и мешавина од јаткасти плодови и семиња, како бразилски ореви и сусам.“ Истражување објавено во списанието Menopause покажа дека топлотните бранови се намалиле за 79% кај испитаниците кои дневно консумирале половина шолја соја зрна.
Што да избегнувате: „Белиот рафиниран шеќер сам по себе може да предизвика топлотни бранови,“ предупредува Ди, „а алкохолот е уште еден важен предизвикувач. Исто така, преминувањето на безкофеински напитоци може да помогне во регулирањето на телесната температура за време на топлотните бранови.“
Ако сте “жртви” на мозочна магла
Што да јадете: „Добрата општа функција на мозокот ќе помогне во борбата против мозочната магла, па адекватниот внес на омега-3 е есенцијален,“ вели професорот Џејмс Гудвин, директор на научни истражувања во Brain Health Network. „Но, не е толку едноставно. Клучната корист доаѓа од балансот на омега-3 и омега-6 масни киселини. Идеално, тој однос би требало да биде 1:1, но во западната исхрана често е 1:20! Јадете ладноводни масни риби три до четири пати неделно.“
Што да избегнувате: „Здравјето на цревата има значајна улога во здравјето на мозокот – дури 90% од хормонот на среќата, серотонин, се произведува во цревата,“ објаснува Гудвин. „Нередовното консумирање храна во било кое време од денот и ноќта сериозно ги нарушува биоритмите, предизвикува воспаленија и оксидативен стрес. Исто така, избегнувајте преработена и брза храна.“
Салон сте склони кон промени во расположението
Што да јадете: „Исхрана богата со влакна, полна со хранливи состојки кои го оптимизираат здравјето на цревата и го регулираат шеќерот во крвта, може да помогне при промените во расположението,“ вели Уксели Каркамо, психотерапевтка и нутриционистка од The Food Therapy Clinic. „Оброците треба да бидат базирани на разновидно обоено зеленчук, здрави масти од јаткасти плодови и авокадо,
А.Н.
![](https://text.mk/wp-content/uploads/2020/02/SEMM-baner_MK.jpg)