Најпознатите ефекти на овој минерал се ублажување на грчеви и стрес, благ лаксативен ефект и благо намалување на крвниот притисок. Сепак, просечно половина од „западната“ популација внесува помалку од 2/3 од препорачаните нивоа на магнезиум преку исхрана, а препораките за возрасни се 300-400 mg.

Главниот „антистрес“ минерал во текот на последните години привлекува големо внимание од разни групи на популацијата. Растот на популарноста и потрошувачката на магнезиум не е изненадување, со оглед на глобалниот недостаток во исхраната, но исто така и многуте позитивни ефекти врз телото. Многу е важно да се одржи неговото соодветно ниво во телото со цел да има корисен ефект врз нервниот систем и психолошката функција.

Богати извори на магнезиум

Најбогатиот извор на магнезиум се првенствено целите житарки како овес, пченица, јачмен или ориз. Следат мешунките како што се соја, грав, наут, леќа и грашок, и семките и јаткастите плодови. Спанаќот и доматите се најистакнатите извори на магнезиум од групата зеленчук, додека урмите, сувото грозје и сливите се издвојуваат од групата овошје. Исто така, рибата е добар извор на магнезиум, особено риба лист и туна. Интересно е да се напомене дека темното чоколадо е исто така главен извор на магнезиум.

Постојат неколку можни причини за дефицит на магнезиум:

Зголемени потреби – како што се бременост, раст и развој, стрес или зголемена физичка активност

Недоволен внес – што може да се должи на неизбалансирана исхрана или слаба исхрана на магнезиум

Зголемено излачување – како резултат на зголемена физичка активност, доење, дијабетес, употреба на одредени лекови, како што дигиталис и диуретици, како и злоупотреба на алкохол и лаксативи

Малапсорпција – последица на гастроинтестинални проблеми и стареење

Условите на животната средина – кисели дождови и вештачко ѓубриво предизвикуваат осиромашување на почвата со магнезиум, поради што кај растенијата и животните е намалена концентрацијата на магнезиум. Истражувањата покажуваат дека содржината на магнезиум во овошјето и зеленчукот се намалува со години. Така, во 1914 година содржината на магнезиум во јаболката беше 28,9 mg, додека во 1992 година тој број беше повеќе од 5 пати понизок, односно само 5 mg.

Симптоми на недостиг

Првиот симптом кој секогаш е поврзан со недостатокот на магнезиум се грчеви и трнење во стапалата и прстите на нозете. Покрај тоа, може да се јават грчеви и во рацете, бутовите и листовите, и во дигестивниот и уринарниот тракт. Недостатокот на магнезиум исто така може да предизвика болка во мускулите на лицето, вратот и ‘рбетот, но исто така и главоболка, вртоглавица, слаба концентрација и аритмија.

Дефицитот на магнезиум не е лесно да се дијагностицира, бидејќи концентрацијата во крвта не зборува многу за реалната состојба на магнезиум во организмот, така што треба да се посегне по практични мерки за идентификација на лицата со дефицит.

Начини за надоместување на магнезиум

Едноставен начин за брзо надоместување на магнезиумот е да се користат гранули кои моментално се раствораат во вашата уста. Истражувањата покажаа дека магнезиум цитрат, или форма во гранули, покажува највисоко искористување меѓу различните форми на магнезиум.

Исто така, пожелна е комбинација со витамини од групата Б кои помагаат во искористувањето на овој минерал, а поради својот облик оваа подоготовка е погодна за употреба во секое време од денот.

Нашето тело најдобро го апсорбира магнезиумот во две различни форми: магнезиум оксид (неорганска сол) и магнезиум цитрат (органска сол) во комбинација.

Магнезиум оксид содржи максимум на магнезиум по дозирна единица заедно со лесно растворливиот и добро искористлив магнезиум цитрат постигнува саканата концентрација на магнезиум во биолошките системи после орална потрошувачка.

Со користење на подготовки  во кои магнезиумот е содржан во форма на магнезиум оксид и магнезиум цитрат во вкупна доза од 375 mg обезбедуваме доволна количина на магнезиум кој е потребен за нормална функција на бројни органи и органски системи, а особено на функцијата на мускулите, коските, нервниот систем, и придонесува за психолошката функција.

Исто така, правилната употреба на овој минерал придонесува за намалување на замор и исцрпеност и создавање на енергија.

Спој на магнезиум оксид и цитрат со витамините Б6 (за подобра апсорпција на магнезиум од цревата во крвта), Б9 и Б12 води до синергетски ефект на зголемување на подобрена општа состојба и воспоставување рамнотежа на енергијата и метаболизмот во клетките.

Искористеноста на магнезиум во таква комбинација е најмалку три до пет пати поголема отколку ако магнезиум се зема одделно како магнезиум оксид. Затоа, оваа комбинација во голема мера се препорачува за секојдневна употреба за време на голем физички или ментален напор, пред и по спортски активности и во состојби кога е поврзана со грчеви во мускулите.