недела, декември 22, 2024
домаКујнаИнтернационалниот фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ од 7 до 9...

Интернационалниот фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ од 7 до 9 јули во МНТ

Единаесетото издание на Интернационалниот Фестивал на пантомима и Физички Театар „ПАНФИЗ“ 2018, во првиот дел ќе се одвива од 7 – 9 јули на малата сцена на Македонскиот народен театар. Влезот за претставите е бесплатен, а билетите може да се резервираат на билетарницата во МНТ од 15-ти јуни.
Во првиот дел од фестивалот публиката ќе може да погледнете четири претстави од четири различни театарски жанрови: куклен, ритуален, класична пантомима и буто.
На фестивалот ќе учествуваат артисти од Грција, Бугарија и Србија.
7 јули – 20.00  „Снешкото што не сакаше да се истопи“ – Визуелен Куклен Театар „Празеин Алога“ – игра – Емануела Капокаки, Р. Грција
8 јули – 20.00   „Симург“ – Александар Илиев, Р. Бугарија
             21.30   „Кругот на Животот“ – Филип Дончев, Р. Бугарија
9 јули – 20.00  „Мандрагора“ – Марко Нектан, Р.Србија
Во деновите 7 и 8 јули, ќе се одржи и буто работилница, под водство на буто артистот Марко Нектан од Р. Србија.
Вториот дел на фестивалот ќе се оддржи на 30-ти септември, а ќе гостува Финската атракција „Мимо Aрт“ од Хелсинки претставата „Body Notes“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ