среда, ноември 20, 2024
домаЖивот7 причини зошто е подобро да се живее во помал град додека...

7 причини зошто е подобро да се живее во помал град додека е на сила вонредна состојба

Помина еден месец откако е регистриран првиот случај на коронавирус кај нас, а веќе сме и на првото продолжување на вонредната состојба која ќе трае до 16 Мај. За ова време, целиот свет целосно го смени текот на животот и сето она што го планиравме пред некое време – сега е ставено на пауза. Затворени дома почнуваме да размислуваме дали живеењето во стан или куќа е подобар избор, голем град или мал град…Прашања многу на кои во услови на ограничено движење си наоѓаме одговори, а и ги преиспитуваме нашите досегашни навики. Секако потешко им е на оние кои живеат во стан и единствен извор кон надворешниот свет им е терасата, ако воопшто ја имаат.
Но, ако живеете во куќа или помал град каде воглавно се живее во куќа со двор, нема да имате главоболки како оние кои живеат во стан. Досегашните согледувања покажуваат дека живеењето во помал град во услови на пандемија има повеќе предности. Ние изброивме седум, ако имате вие некоја што не сме ја спомнале, додадете ја…

Предност број 1: Помала е веројатноста дека ќе се заразите
Логично е дека во еден голем град може да се заразиш во јавниот транспортот низ кој десетици илјади луѓе минуваат дневно. Покрај тоа, статистиката вели дека поголемите градови се најголемите фокуси, така што веројатноста за зарази е доста помала во малите градови.

Предност број 2:Речиси сите имаат  двор
Најголем број луѓе во малите градови живеат во куќи. Дури и за време на полицискиот час, многумина сè уште седат во дворот и се занимаваат поработувајќи си низ него. Соседството е многу помалку нервозно отколку што е во зграда, а и родителите можат да се посветат на своите обврски затоа што децата го поминуваат целиот ден играјќи во дворот.

Предност број 3: Секогаш можете да појдете до блиското излетничко место 

Прошетките и излетничките места не им се далеку и во текот на денот можат да појдат и да се вратат до времето ограничено за движење.

Предност број 4: Многу помалку притисок на средината
Во помалите градови се губи чувството дека има пандемија, па дури и вонредна состојба. Полицијата е активна во центарот на градовите, што значи дека остатокот од градот нема притисок и му останува само да ги следи советите за што постојани информираат медиумите.

Предност број 5: Луѓето со миленичиња немаат никакви проблеми
Да биде јасно, тоа не значи дека улиците се полни со шетачи со кучиња и дека сè е како порано. Но, бидејќи многумина имаат дворови – работата е далеку полесна.

Предност број 6: Може да се оди насекаде пешки
Од воведувањето на забраната за градски превоз во поголемите градови, толпата исчезна, а оние граѓани кои ги немаат своите автомобили се осудени на такси, велосипед или одење пеш.  Во еден мал град сè ќе завршите за час два одејќи пеш.

Предност број 7: Помалку луѓе – помалку гужва
Без оглед на вонредната состојба, граѓаните се посмирени и за многу покусо време можат да ги завршат покупките и да се приберат дома. Нема гужви пред продавниците и се се завршува набрзина и без стрес.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ