Во Бугарија мечка шетала под манастирот Рила, заедно со своите младенчиња. Појавата на животното, што е заштитен вид, излегува дека е позитивен знак за природата во областа.
„Јас бев еден километар под манастирот Рила кога ги видов мајката и нејзините мечки. Таа само излезе на патот и го премина. Тогаш малите дојдоа и се искачија на ридот “, рече Марио Богоев, вработен во паркот на природата во манастирот Рила, пренесува Нова.бг
Рајна Пашова, која исто така е дел од тимот на паркот, објасни дека мечката е индкаторен вид. „Тоа покажува дека природата околу е чиста. „За нас, појавата на животното и можноста да се фотографираме, значи токму тоа – дека природниот парк на манастирот Рила е територија чиста и богата со биодиверзитет“, рече таа.
Излегува дека појавата на мечката крај патот не треба да не плаши. Фотографираното животно е од единствениот вид пронајден во Бугарија – кафеава мечка. „Таа е доволно интелигентно животно со исклучително чувство за мирис и слух. Кога чувствува човечко присуство, таа бега “, рече Пашова.
Слична случка минатат недела имало на потегот меѓу селото Нимфеон и центарот за заштита на кафеавата мечка во Грција. Мечката со три мечиња се движела о регионалниот пат. Жителите на Нимфеон раскажуваат дека по многу години повторно се појавуваат и шетаат кафеавите мечки во нивната околина. Тоа го поврзуваат со намаленото движење на луѓе и автомобили во последниов период, а какопоследица на мерките за движење кои беа на сила и во Грција. И, секако и на чистиот воздух кој е последица на затворањето дома.
Како и да е, појавата на кафеавата мечка во блиските шуми е индикатор дека корона вирусот ги врати животните каде што припаѓаат – во шумата!
Н.С.