вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотПандемијата на коронавирус поопасна за менталното здравје на жените

Пандемијата на коронавирус поопасна за менталното здравје на жените

Жените во многу поголем број од мажите се соочуваат со ментални проблеми предизвикани од пандемијата, затоа што им е потешко да ги толерираат воведените карантински мерки за борба против коронавирусот, покажа истражувањето.

Научниците од Институтот за социјални и економски истражувања од Универзитетот во Есекс тврдат дека на жените им е потешко да ја поднесат изолацијата, во текот на карантинските мерки воведени како резултат на корона вирусот.

Оваа студија покажува дека бројот на оние кои имаат барем еден сериозен ментален проблем се зголемил меѓу двата пола по пандемијата.

Кај мажите, уделот на оние со најмалку еден сериозен ментален проблем се зголеми од 7 проценти на 18, а кај жените од 11 на 27 проценти, пренесува Гардијан. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ