„Спалдинг“ ќе му оддаде почит на Коби Брајант со специјална топка од ограничена серија, со која ќе се слави играта, духот, работата и мисијата на играчот кој почина во јануари, со неговата ќерка и девет други лица во хеликоптерска несреќа.
Топката од серијата „Коби 94“ е изработена во нијанси на сребро, на неа го има потписот на починатиот играч, додека на кутијата има отровна змија, во чест на прекарот на Коби Брајант – „Мамба“.
Топката ќе им биде достапна на корисниците од понеделник по цена од 125 долари.
„Оваа топка го слави процесот на секојдневна трансформација на Коби од играч со ненадминат фокус и решеност во сакан сопруг и татко, тренер, претприемач, филантроп и автор … Дури и по пензионирањето, Коби продолжи да ја менува својата “играчка” маица и да презема нови предизвици за да ги инспирира луѓето ширум планетата “, објасни „Спалдинг“ додавајќи:
-‘Коби 94’ е посветена на мисијата на Коби и на секој што е во процес на треансформација во шампион, што и да прави“. А.Н.